Добредојдовте во ФЕНИКС - дом за стари лица
Феникс е ланец на старски домови чија историја е од богат размер, првиот старски дом е основан
во 2002 година во тешки услови и под друг назив кој што по неколкуте променети локации и
борбата како и стремежот за успех доведоа до основање на првиот “Феникс” чие име потекнува
од самата историја на оваа компанија, издигање од пепелта.
Денеска Феникс располага со три старски дома “Феникс Гарден”, “Феникс Премиум” и "Феникс Фемили"
Нашата цел ќе ја постигнеме со долгогодишен квалитет, љубов и истрајност во давањето на нашите услуги како и секојдневните напори и желба за нашиот напредок.
Среќни луѓе
Награди
Признанија
Вработени
Eднакво модерни услуги како во најдобрите светски домови за стари лица.
Постојано присуство на медицински сестри и овластени лица од тимот даваат грижа 24/7 и не дозволуваат вашите блиски да бидат осамени.
Веруваме дека влијанието кај секој поединец има неочекуван начин и секој поединец може да напредува интересно, со индивидуална нега.
Нудиме грижа и надзор за лицата кои не може да живеат сами, константна медицинска нега и најквалитетна храна за сите нив.
Нудиме физиотерапија и физиотерапевтски услуги кои им се на располагање на нашите пациенти во рамки на нивните потреби.
Нашата служба за рехабилитација дава комплетно терапевтско и професионално закрепнување за да се избегнат дополнителни несакани дејствија.
После давање на заклучоци од страна на доктор, специјалист продолжува да ги третира пациентите кои се соочуваат со болести и рани.
Нашите медицински социјални работници се грижат за пациентите кои се соочуват со проблеми и предизвици во адаптирање на условите во нашата установа.
Искусен тим од најдобрите доктори и терапевти ќе се грижат за вашите најблиски и ќе им помагаат на секое поле.
Сите права задржани © ФЕНИКС - Дом за стари лица 2019. Изработено од SVNA Design